Олимпискиот стадион во Берлин, дом на фудбалерите

berlin-ooo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Берлин е град со повеќе од три и пол милиони жители, брзо темпо на живот, различности на секој чекор, со богата и бурна историја.


Космополитската метропола во срцето на Европа која пулсира во текот на годината, спремно ги пречека навивачите на Олимпискиот стадион, но и на булеварите и плоштадите, секаде каде што е срцето на фан зоната.

Германскиот стадионот е местото каде Европа ќе добие нов шампион во фудбал.

Олимпискиот стадион во Берлин е дом на фудбалерите на Херта, а секое финале на германскиот куп се игра од 1985 година.

Стадионот беше еден од десетте домаќини на Светското првенство во 1974 година, таму се играше и финалето на СП 2006 година, кога Зинедин Зидан го доби познатиот црвен картон, а Италија по изведувањето пенали ја совлада Франција и ја освои титулата светски шампион. Девет години подоцна, Барселона го победи Јувентус со 3:1 во финалето на Лигата на шампионите во Берлин.

Големото финале на ЕП 2024 ќе се игра на 14 јули пред 71.000 навивачи.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK