Ашрад Надим со олимписки рекорд го освои првиот медал во атлетика за Пакистан во историјата на Олимписките игри. Надим победи во дисциплината фрлање копје со ресзултат 92 метри и 97 сантиметри.
Индиецот Нерај Чопра освои сребро со 89,45 метри. И тој како и неговиот голем ривал Надим, најдоброто фрлање го имаше во втората серија.
Андерсон Петерс од Гранада ја освои бронзата, во четвртата серија тој го фрли копјето на далечина од 88,54 метри.