Напаѓачот на Интер, Хоакин Кореа, е позајмен во Олимпик Марсеј. Клубот од „Велодром“ ќе плати 2 милиони евра за Аргентинецот и ќе има опција да го откупи за дополнителни 10 милиони евра.
29-годишниот Кореа беше резерва во Интер, но сепак имаше 41 настап и четири гола во сите натпреварувања минатата сезона.
Кореа е седмото ново засилување за Олимпик Марсеј ова лето. Пред него во тимот пристигнаа Џефри Кондогбија, Ренан Лоди, Пјер-Емерик Обамејанг, Исмаила Сар, Рубен Бланко и Илиман Ндијаје.