Францускиот Формула 1 возач Естебан Окон од следната сезона ќе вози за тимот на Хаас. .
Aмериканскиот тим во следната година ќе влезе со комплетно нов состав на возачи, бидејќи тимот ќе го напуштат Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.
Покрај искусниот Окон од наредната сезона во болидот на Хас ќе седи и младиот Оливер Берман кој пристигнува од академијата на Ферари.
Самиот Окон е задоволен од овој потег, кој следната сезона ќе вози за тимот на Хаас.
„Многу сум горд што можам да објавам дека ќе му се приклучам на Хас од 2025 година, со повеќегодишен договор. Воодушевен сум што започнав ново поглавје во мојата Формула 1 кариера и ќе се приклучам на екипа чии амбициозен тркачки дух и работна етика ме импресионираа. Засега, мојот фокус и енергија остануваат целосно со тимот на Алпин. Имаме уште 11 трки оваа сезона и јас сум помотивиран од кога било стави крај на мојата петгодишна соработка со тимот на најдобар можен начин“, изјави Окон.
Естебан Окон нема добра сезона со Алпин, во досегашниот тек од сезоната освои само три поени.
Ф1 шампионатот продолжува со трката за Големата награда на белгија која на програмата е в недела.