Охрабрувачки вести: Левичарите подготвени да го ослободат таткото на Дијаз

Охрабрувачки-вести-Левичарите-подготвени-да-го-ослободат-таткото-на-Дијаз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Таткото на Луис Дијаз треба да биде ослободен во текот на денот, откако претставниците на хуманитарните организации се сретнаа со лидерите на герилското движење ЕЛН на границата меѓу Колумбија и Венецуела“, се вели во вестите објавени од колумбиските медиуми.

Иако веста беше примена со оптимизам, сепак се претпоставува дека герилците нема да имаат нови и посебни барања за ослободување на таткото на фудбалерот на Ливерпул и неговата сопруга. Тие беа киднапирани од членови на милитантна организација со екстремно леви идеолошки ставови на 28 октомври под закана со пиштол, а оттогаш се водат макотрпни преговори за условите под кои ќе бидат ослободени и, нормално, неповредени.

Во меѓувреме во преговорите се вклучија и Обединетите нации, како и Католичката црква, наведува „Noticias Caracol“.

Истиот извор открива дека преговорите за преземање на заложниците се водат во регионот Ла Гуахира во близина на колумбиската граница со Венецуела.

Се известува дека портпаролот на ЕЛН истакнал дека киднапирањето на Луис Мануел Дијаз било грешка од самиот почеток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK