Барселона официјално го потврди големото засилување на последниот ден од преодниот рок. Габриел Жесус е новиот играч на каталонскиот гигант.
Барселона и Арсенал постигнаа договор во врска со трансферот на бразилскиот напаѓач, кој потпиша договор со новиот клуб до 30 јуни 2029 година.
Жесус ја започна својата европска кариера во Манчестер Сити, откако го привлече вниманието на Пеп Гвардиола со своите одлични настапи во Палмеирас. Одигра 236 натпревари за „граѓаните“, постигна 95 гола и запиша 45 асистенции.
За време на престојот во Манчестер, освои четири Премиер лига, ФА Купот, четири Лига Купови и два Комјунити Шилдс.
Во јули 2022 година, тој се пресели во Арсенал, за кој постигна 32 гола и 22 асистенции во 123 натпревари.
Неговиот период во Лондон беше обележан и со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти во јануари 2025 година, поради која беше надвор од терените една година. По враќањето, тој му помогна на Арсенал да ја освои Премиер лигата во сезоната 2025/26, постигнувајќи три гола во 14 настапи.
29-годишниот напаѓач има и богато искуство во репрезентацијата. Тој го освои олимпиското злато со Бразил во 2016 година, играше на Светските првенства во 2018 и 2022 година и беше дел од тимот што ја освои Копа Америка во 2019 година.
По Палмеирас, Манчестер Сити и Арсенал, Жесус сега отвора ново поглавје од својата кариера во Барселона.
Foto/ Depositphotos