Одреден е судијата за финалето на ЕУРО 2024

fransoa-letisje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот судија, 35-годишниот Франсоа Летисије ќе ја дели правдата на финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија, кое ќе се игра во недела на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин, соопшти Европската фудбалска федерација.


Тоа ќе биде негов четврти натпревар во ова првенство. Тој ги судеше натпреварите од групата меѓу Данска и Србија и Хрватска и Албанија, како и осминафиналето меѓу Шпанија и Грузија.

Тој беше и четврти судија на отворањето на ЕП меѓу Германија и Шкотска.

Летисије има 35 години и важи за еден од најдобрите судии од помладата генерација во Европа. Тој почна да суди во елитната класа на францускиот фудбал во 2016 година, на судиската листа на ФИФА е од 2017 година, а моментално е и на судиската листа на УЕФА Елит.

Во својата кариера тој веќе одработи 65 официјални натпревари под покровителство на УЕФА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK