До синоќа, Александар Зверев ја имаше етикетата на најдобар тенисер во историјата кој не освоил ниту еден Гренд слем. Имаше три порази во финалните мечеви, исто како и Каспер Руд, но за разлика од Норвежанецот, има и олимписки златен медал и две титули од завршниот Мастерс и повеќе трофеи од Мастерс 1.000.
Свесен дека му ја „лепат“ таа етикета, Зверев се пошегува триумфот на Ролан Гарос.
„Сега можете да ме наречете најлошиот тенисер во историјата кој освоил Гренд слем, но навистина не ми е гајле. Што и да се случи во иднина, никој нема да може да ми го одземе фактот дека освоив ваков турнир“.
Тој вели дека еден од клучните моменти дошол во средината на турнирот.
„Кога Јаник и Новак беа елиминирани, се справив многу добро со тоа“, истакнувајќи дека не летал високо по елиминацијата на играчите кои имаа повеќе шанси за титулата од него.
„Останав смирен и концентриран, чувствував дека играм добро. Во финалето имав неколку проблеми, но ги решив добро“, рече Германецот.
Сепак, ако не е најлошиот играч што освоил Гренд слем во историјата, тој срушил еден негативен рекорд. Тој стана тенисерот на кој му беа потребни најмногу победи за да го освои првиот трофеј од ваков калибар во кариерата – дури 125. Дваесет повеќе од Горан Иванишевиќ кога го освои Вимблдон во 2001 година.
Зверев стана и петтиот најстар дебитант на подиумот на Гренд слем. Рекордер е Шпанецот Химено, кој победи во Париз во 1972 година како 34-годишник. Она што не е добро за Зверев, ниту еден од првите четворица – вклучувајќи ги Андрес Гомес, Петр Корда и Иванишевиќ, не го повтори успехот.
📊 Tenistas más veteranos al conquistar su primer 🏆 de Grand Slam (Open Era/Men’s Singles):
🇪🇸 Gimeno | 34y 10m (Roland Garros, 1972)
🇪🇨 Gómez | 30y 3m (Roland Garros, 1990)
🇨🇿 Korda | 30y 9d (AusOpen, 1998)
🇭🇷 Ivanisevic | 29y 9m (Wimbledon, 2001)
🇩🇪 ZVEREV | 29y 1m (Roland… pic.twitter.com/03eZpj1N6m— MisterOnly.Tennis (@OnlyRogerCanFly) June 7, 2026
Foto/ EPA