Нови реакции за Суперлигата: Се огласија ФИФА, Јунајтед, Атлетико и Баерн

Нови-реакции-за-Суперлигата-Се-огласија-ФИФА-Јунајтед-Атлетико-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на Европскиот суд на правдата за европската Суперлига предизвика бројни реакции.


По одлуката дека ФИФА и УЕФА незаконски го блокирале формирањето на ново натпреварување, по УЕФА се огласија и од Цирих, каде се наоѓа седиштето на ФИФА.

„ФИФА ја зеде предвид одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со Суперлигата. ФИФА ќе ја анализира одлуката во координација со УЕФА, другите конфедерации и асоцијации членки пред да даде дополнителни коментари. Во согласност со Статутот, ФИФА цврсто верува во специфичната природа на спортот, вклучително и пирамидалната структура која се заснова на спортски основи, како и на принципите на натпреварувачка рамнотежа и финансиска солидарност. Фудбалот го должи својот успех на споменатите принципи, кои ФИФА, конфедерациите и асоцијациите членки ќе продолжат да ги промовираат во иднина во интерес на фудбалот и навивачите ширум светот“, се вели во соопштението на ФИФА.

Некако во исто време пристигнаа две реакции од клубовите кои првично беа меѓу 12-те кои сакаа да го формираат натпреварувањето.

Манчестер Јунајтед ќе остане верен на принципите на УЕФА.

„Нашиот став останува непроменет. Остануваме целосно посветени на учество во натпреварувањата на УЕФА и позитивна соработка со УЕФА, Премиер лигата и другите клубови од Европската клупска асоцијација преку континуиран развој на европскиот фудбал“, велат од „Олд Трафорд“.

И Атлетико Мадрид не е за европска Суперлига.

„Европското фудбалско семејство не сака европска суперлига, Германија, Франција, Англија, Италија и Шпанија (со исклучок на Барселона и Реал Мадрид), не ја сакаат Суперлигата. Ние сме за заштита на големото европско семејство, за заштита на домашните лиги. Место во европските натпреварувања треба да се заслужи на теренот секоја сезона“, стои во соопштението од Мадрид.

Слично соопштение дојде и од Баерн.

„Натпреварување од ваков вид би претставувало напад на важноста на домашните лиги и статиката на европскиот фудбал. Бундеслигата е основата на Баерн, исто како што националните лиги се основата на другите европски клубови. Оттука, тоа е наша должност и длабоко убедување дека не треба да ги ослабнеме туку треба да ги зајакнеме домашните првенства. Ги поддржуваме и европските клупски натпреварувања под капата на УЕФА. Да бидеме појасни уште еднаш, вратата на Суперлигата останува затворена за Баерн“, се вели во соопштението потпишано од Јан-Кристијан Дресен, извршниот директор на Баварците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK