Новак носи пари: Астралија опен драстично ги поевтини билетите за финалето

Новак-носи-пари-Астралија-опен-драстично-ги-поевтини-билетите-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Доказ дека Новак Ѓоковиќ носи многу пари е тоа што од Австралија опен, мораа драстично да ги намалат цените на билетите за финалето.


Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ годинава остана без можност да ја одбрани титулата на Австралија опен, бидејќи Јаник Синер беше подобар од него во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн. Изненадувачката елиминација на српскиот ас се одрази и на цените на билетите за финалниот меч, во кој за прв пат по 19 години нема да има ниту еден член на познатата „голема тројка“.

Новак како еден од најдобрите спортисти на сите времиња привлекува големо внимание кај публиката, сакале или не, а колку е важен српскиот тенисер за турнир како Австралија опен покажа примерот на цените на билетите за финалниот натпревар помеѓу Јаник Синер и Данил Медведев.

Така вредноста на билетот за финалето, кој претходно чинеше 5.000-6.000 австралиски долари, со отсуството на освојувачот на 24 Грен слем титули и десеткратниот шампион на Мелбурн, падна на „само“ 1.799 долари. Исто така, цените на билетите за натпреварите на Новак беа повисоки од вообичаеното.

Но, Новак во петокот го загуби првото полуфинале на Австралија опен, откако десет пати по ред го мина претпоследниот чекор на патот до трофејот. Ова секако разочара многумина кои го очекуваа во походот по 11. трофеј во Мелбурн, но за тоа ќе треба да почекаат уште една година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK