Новак Ѓоковиќ стана олимписки шампион во тенис

12419499.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион во тенис. Најдобриот во историјата, во спектакуларен меч го победи Карлос Алкараз по безмалку три часа игра со 7:6 (7:3), 7:6 (7:2).



Српскиот тенисер во 38. година од животот попладнево во Париз ја освои титулата што му недостигаше во блескавата кариера.

Ѓоковиќ стана вториот тенисер, по Андре Агаси, кој во кариерата ги освоил сите големи тениски титули, сите четири гренслема, финалните мастерси, Дејвис купот и олимпиското злато во сингл.

Неверојатната борба на теренот, против 17 години помладиот противник, Ѓоковиќ ја реши онаму каде што е најсилен, во тај-брејкот.

Во двата сета, во 13.игри, Србинот апсолутно доминираше, особено импресивен беше во вториот сел кога по 2:2 ги освои наредните пет поени.

На крајот емотивно во солзи ја прослави победата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK