Нотингем форест ја комплетираа изненадувачката позајмица на херојот на аргентинската репрезентација, Гонзало Монтиел од Севилја, за петто големо засилување ова лето.
26-годишниот Монтиел го постигна одлучувачкиот пенал за Аргентина во финалето на СП во Катар против Франција, а исто така минатата сезона го постигна и пеналот со кој Севилја ја освои титулата од Лига Европа. Монтиел пристигнува со опција да стане постојан фудбалер на Форест следната година.
„Доаѓам во Премиерлигата со многу очекувања и со голема желба за докажување. Ја следев Премиерлигата од моето детство и секој фудбалер сака да игра во најдобрата лига на светот“, вели Монтиел.
Тој е петто засилување за тимот на Стив Купер ова лето по Крис Вуд, Ола Аин, Антони Еланга и Мет Тарнер.
At home in our away 😏 pic.twitter.com/nWJxsz1PEu
— Nottingham Forest (@NFFC) August 23, 2023