Норис потврди дека ќе ја носи „единицата“ на својот болид


Depositphotos_798155694_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, потврди дека ќе ја носи единицата на својот болид наредната сезона.


Според правилата на Формула 1, само актуелниот шампион има право да го користи бројот број еден на автомобилот, а Норис го заработи ова право откако ја освои титулата за прв пат во својата кариера во неделата. Тој заврши трет на последната трка од сезоната во Абу Даби и стана 11-от возач, светски шампион од Велика Британија.

Норис му ај донесе на Мекларен, првата титула во конкуренција на возачи, по 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.

Норис ќе го преземе бројот еден од Макс Ферстапен од Ред Бул, со кого се бореше за титулата. Британецот ја заврши сезоната со два бода помалку од Британецот и ја прекина серијата од четири титули. Ферстапен единицата на својот болид ја носеше од 2022 година.

„Тоа е традиција. Постои со причина. Постои таму, можете да излезете и да го зграпчите и можете да работите напорно за да го добиете“, изјави Норис за Скај.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, иако имаше можност, никогаш не возеше со бројот 1 на болидот, тој и остана верен на својата 44-ка. Норис го вози автомобилот со број четири од неговото доаѓање во Формула 1 во 2019 година.

„Сите ние како тим кои имавме улога во Мекларен или во мојот болид ќе го носиме со гордост. Тоа се сите мои механичари, моите инженери, секој што е дел од Мекларен исто така го добива тоа признание“, рече тој.

„Значи, ова не е за мене, туку за нив. Тоа е нивна гордост, знаејќи дека вложиле многу работа и труд и дека можат да кажат: „Ние сме број еден“. Не е толку кул кога ќе кажете: „Ние сме број четири“, па затоа ќе бидат уште посреќни од мене“, додаде 26-годишниот возач.

Од 2026 година, на возачите ќе им биде дозволено да ги менуваат броевите од година во година, при што Ферстапен ќе мора да најде нов број.

Пред да стане светски шампион, Ферстапен возеше автомобил со број 33, но рече дека негов омилен е бројот три, претходно користен од Даниел Рикардо.

Foto/ depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK