Норис и Пјастри ќе одат на „пеење“ кај шефовите на Мекларен

Untitled-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тимот на Мекларен најави дека ќе го истражи „инцидентот“ меѓу Ландо Норис и Оскар Пјастри на Формула 1 трката за Големата награда на Италија.


Трката во Формула 1 во „храмот на брзината“ во Монца му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер. Ферари ги надмудри конкурентите и со едно влегување во боксот ја однесе победата на домашната патека.

Пред трката главни фаворити за победа беа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри кои ги имаа првите две позиции на стартот.

Ландо од пол-позиција имаше солиден, но потоа во првата шикана Пјастри со агресивен маневар ја презеде водечката позиција.

Оскар ја возеше многу добро целата трка и имаше шанса да победи на крајот, но Леклер успеа да извлече импресивен резултат.

„Тоа беше агресивен потег, но се уште не сум разговарал со нив. Имавме одличен почеток, гледачите беа воодушевени, а јас би рекол дека Ландо беше изненаден од тој потег и тоа е нешто за што ќе разговараме. Имаше многу нервоза кај сите нас во тимот кога Пјастри го изведе тој маневар мора да ги почитувате вашите колеги. Немаше контакт, но тоа беше агресивен и чисто претекнување“, изјави директорот на Мекларен, Зак Браун.

Ландо Норис трката во Италија ја заврши на третото место, а воедно го имаше и најбрзиот круг на трката што му донесе дополнителен бод, па сега има 62 бода помалку од првопласираниот Макс Верстапен, а разликата можеше да ја намали за уште 10 поени ако победеше.

„Приоритет на нашиот тим е шампионската титула“, јасно кажа Зек Браун.

Главниот инженер на Мекларен и тимски шеф Андреа Стела рече дека тимот мора мирно да ја разгледа целата ситуација пред да донесе некава одлука.

„Не само поради чинот на претекнувањето, туку и поради впечатокот што го оставија овие двајца ќе мора мирно да ја погледнеме ситуацијата и да поминеме низ се заедно. Ако можеме да научиме нешто од овој случај, тоа ќе го примениме во некои идни трки. Ова е разочарување бидејќи имавме доволно перформанси за да победиме“, изјави Стела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK