Њуккас за 60 милиони евра го договори Манкамби


14095646.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Њукасл Јунајтед постигна договор со Фрајбург во врска со трансферот на швајцарскиот репрезентативец Јохан Манкамби вреден 60 милиони евра.


Младиот фудбалер стана едно од најголемите откритија на Светското првенство, а „страчките“ ја победија конкуренцијата од Премиер лигата.

По заминувањето на Сандро Тонали во Тотенхем, менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сакаше да доведе модерен играч за врска кој може да покрие многу простор, да игра во двата правци и да биде плејмејкер.

Изборот падна на 20-годишниот Манкамби, а преговорите меѓу клубовите успешно завршија.

Остануваат неколку административни детали, по што младиот Швајцарец ќе потпише долгорочен договор.

За само неколку недели, Манкамби стана едно од најголемите изненадувања на Светското првенство во 2026 година.

Фудбалерот од средниот ред постигна три гола и запиша две асистенции, водејќи ја Швајцарија низ групната фаза. Особено се истакна против Босна и Херцеговина, кога стана најмладиот швајцарски фудбалер кој постигна два гола во еден натпревар на Светското првенство.

Тој ја доби и наградата за играч на натпреварот против домаќинот Канада.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK