Њукасл остана без тренер – Еди Хау си поднесе оставка


depositphotos_701674778_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Среде подготвките за новата сезона, тренерот на Њукасл, Еди Хау го напушти клубот. Хау замина по поразот од Бристол со 4:1. Њукасл реагираше брзо, германскиот стручњак Матијас Јајзл, актуелниот стратег на Ал Ахли од Саудиска Арабија, ќе го замени Хау.


Англискиот стручњак ја напушти клупата на „Страчките“ по 231 натпревар и речиси пет години поминати на „Сент Џејмс Парк“.

Тој победи на 84 од 179 натпревари во Премиер лигата, што го прави еден од најдобрите менаџери на Њукасл, само неодамна починатиот Кевин Киган имаше поголема стапка на успех од неговите 46,9 отсто.

Разделбата дојде по разочарувачкиот пораз, во контролен натпревар, од Бристол со 4-1, по што Хау навести дека може да има уште промени во клубот.

„Имаше многу промени во клубот и можно е да има уште“, рече Хау по натпреварот, кога беше прашан за очекувањата пред новата сезона.

Во сезоната 2022/23, тој го предводеше Њукасл до место во Лигата на шампионите, по четвртото место во Премиер лигата, а истата година го освои и Лига купот, првиот голем трофеј на клубот од 1955 година.

Сепак, по големите инвестиции од сопственикот од Саудиска Арабија (280 милиони евра), резултатите од минатата сезона не ги исполнија очекувањата.

Њукасл заврши на 12-то место во Премиер лигата, откако претходната сезона ја заврши на петтата позиција.

Од почетокот на јануари, тимот оствари само пет победи во последните 17 лигашки натпревари.

Проблемите беа дополнително зголемени со заминувањето на важни играчи. Сандро Тонали се пресели во Тотенхем, додека англискиот репрезентативец Ентони Гордон потпиша за Барселона.

Иднината на капитенот Бруно Гимараеш, кој веќе некое време се поврзува со Арсенал исто така е неизвесна.

Њукасл сега мора брзо да најде нов менаџер додека тимот се подготвува за новата сезона.

Тимот во наредните денови ќе патува во Шпанија за последниот дел од подготовките, а генерална проба ќе имаат на 8 август против Валенсија во традиционалниот натпревар за трофејот Таронха.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK