Продажбата на Манчестер јунајтед е неизвесна, откако главните кандидати за преземање на клубот, британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф и катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани се разочарани од слабата форма на тимот на Ерик Тен Хаг на почетокот на новата сезона, тврди британскиот „Тајмс“.
„Ѓаволите“ загубија трипати во првите пет меча од новата сезона, и според „Тајмс“ ова нема да ги убеди Ретклиф и шеикот Џасим да ја достигнат посакуваната цена на семејството Глејзери од над 5 милијарди фунти.
Процесот на продажба трае од ноември 2021, кога Глејзери објавија дека бараат инвеститори кои би станале акционери или целосно би го преземале клубот. Првично изгледаше дека Ретклиф, газдата на „Инеос“ е пред договор, но несогласувањата во семејството Глејзер околу тоа дали клубот треба целосно да се продаде го уништија договорот.
Според „Тајмс“, и Ретклиф и Катарците нудат над 5 милијарди фунти, но Глејзери сакаат барем уште една милијарда повеќе.