Ника Превц ја забележа рекордната 16-та победа во сезоната


nika_345543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Еден ден по освоувањето на Големиот кристален глобус во скијачки скокови, Ника Превц постави нов рекорд.


Со, вчерашната победа на скокалницата во Лахти, Финска, Ника Превц трет пат по ред го освои Големиот кристален глобус. Само двајца спортисти пред неа направија ваков подвиг, Адам Малиш (2000-2003) и Марен Лундби (2017-2020).

Влера, Ника ја забележа 15-та победа во сезоната, со тшо го израмни сопствениот рекорд од минатата сезона, кој до денес го делеше со Сара Таканаши.

Од овој петок, Ника Превц е апсолутна рекордерка на Светскиот куп со 16 победи во една сезона.Ќе има можност да го подобри рекордот, бидејќи до крајот на сезоната има уште пет натпреварувања.

Во петокот, Ника доби предност веќе по првата серија во која забележа скок од 130 метри. Во втората серија, Словенката имаше скок од 128,5 метри и победи со вкупно 282 поени, 14,5 повеќе од Норвежанката Ане Один Стрем.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK