Американскиот кошаркар Микал Бриџис одигра 500 последователни натпревари во НБА.
Неверојатно звучи податокот дека Бриџис, кој моментално игра за Њујорк Никс, не пропуштил ниту еден натпревар откако ја започна НБА кариерата.
Изминатата ноќ, Њујорк Никс го победија Орландо Меџик (100:91), а кошаркарот го одигра јубилејниот 500. натпревар.
Бриџис стана шестиот играч во историјата на НБА кој одиграл 500 натпревари по ред, и прв по Тери Тајлер (1978-1985).
Бриџис го постигна овој рекорд како играч на Феникс Санс, Бруклин Нетс и Њујорк Никс.
28-годишникот оваа сезона има просек од 17 поени, 3,6 скока и 3,3 асистенции.
Mikal Bridges has now played in 500 straight games pic.twitter.com/iUP5NKmnKj
— New York Basketball (@NBA_NewYork) December 15, 2024