Резултатите од претпоследното коло во Евролигата донесоа големо разочарување кај играчите инавивачите на Партизан. „Црно-белите“, ја победија Алба во Берлин, се надеваа дека нивните конкуренти Ефес и басконија ќе доживеат порази како гости против Фенербахче, односно Реал, но тоа не се случи.
Во последното коло, судбината на Партизан за пласман во плеј-ин ја држи најголемиот и кај навивачите најомразен ривал, Црвена звезда.
Партизан, во последното коло мора да ја победи Валенсија на домашен терен и воедно да се надева дека Црвена звезда ќе победи кај Ефес.
Реално шансите за тоа се многу мали, Црвена звезда никогаш како гостин не победила кај Ефес во Евролигата, а покрај тоа Ефес е во одлична форма. Ист така Црвена звезда одамна ја загуби шансата за пласман во плеј-ин. Сепак, додека има и трошка надеж, Партизан ќе навива за својот најголем ривал.