Немања Бјелица ја засили Црвена звезда

Немања-Бјелица-ја-засили-Црвена-звезда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот МВП на Евролигата и екс-НБА кошаркар, Немања Бјелица е големото засилување на Црвена звезда, потврдија од српскито клуб.


35-годишниот Бјелица во својата кариера играше за Басконија и Фенербахче во Евролигата, како и во Минесота тимбервулфс, Сакраменто кингс, Мајами хит и Голден Стејт, со кои стана и НБА шампион.

„Немања Бјелица своите први кошаркарски чекори ги направи во дресот на Црвена звезда, за која играше од 2008 до 2010 година и стана миленик на клубот и на навивачите. Со враќањето, тој носи огромен квалитет и искуство и познавање на кошарката“, се вели во објавата на Звезда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK