Нема место за играчите на Јунајтед во авионот на Сити

manchester-city-manchester-united.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед ги праша соседите дали Алехандро Гарначо и Коби Мејну можат да одат со приватниот авион што Сити го изнајми за своите играчи да летаат за Париз на доделувањето на Златната топка во понеделник. На „Олд Трафорд“ добијае негативен одговор.


„Јунајтед ги праша своите соседи дали има место во авионот за двајца нивни играчи“, пишува „Дејли Мејл“ и додава: „За жал на клубот од Олд Трафорд, тие се информирани дека нема места, добија порака да си бараат други аранжмани“.

Во Јунајтед се обидуваат да ги намалат трошоците, а ова беше една од идеите да се заштедат пари.

Рубен Диаш, Фил Фоден, Ерлинг Халанд и Родри се играчите на Сити во трката за наградата Златна топка во машка категорија, додека Јуи Хасегава, Лорен Хемп и Хадија Шо се во конкуренција за престижната награда во женската конкуренција.

Савињо е номиниран за наградата меѓу играчите помлади од 21 година. Во иста категорија се номинирани и играчите на Јунајтед Гарначо и Мејну.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK