„Некој треба да му каже на Винисиус како треба да се однесува“

Untitled-37.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, подоцна и спортски директор, Хорхе Валдано откри дека не му се допаѓа како Винисисус униор се однесува на теренот. Славниот Аргентинец смета дека однесувањето на Бразилецот не е во склад со неговиот рејтинг и статус во клубот.


Винисиус ја загуби контролата втор меч по ред. По натпреварот против Валенсија кога го нападна голманот Столе Димитревски и доби црвен картон, не можеше да се контролира и против Мајорка во полуфиналето на Суперкупот во Џеда.

Јасно е дека противниците сега го користат фактот што Винисиус има „краток фитил“, поради што го провоцираат повеќе од кој било друг играч на Реал. Спека иако е свесен за тактиката на противниците, тој не наоѓа начин да ги контролира емоциите на теренот.

Против Мајорка падна на провокациите нод десниот бек Пабло Мафео. Станува збор за играч кој деновите пред мечот рече „дека во бокс меч би го нокаутирал Винисиус за десет секунди“.

Валдано го дели ставот дека е крајно време Винисиус да почне да се однесува како прва ѕвезда на Реал Мадрид.

„Пред сè, Винисиус треба да го направи она што се очекува од една суперѕвезда, а тоа е да победува. Реал Мадрид му должи за многу голови и победи што им ги овозможи, повеќе отклку на било кој друг фудбалер од овој состав. Некој треба да му каже дека ова што му се случува им се случувло и на други ѕвезди на Реал. Пред него тоа го помина Кристијано Роналдо, пред нив Уго Санчез, а пред сите Алфредо ди Стефано… Зошто? Затоа што се најдобри“, изјави Валдано за шпанските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK