Нејмар нема да се врати во Сантос

Neymar-1200x675-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пини Захави, менаџерот на Нејмар, ги отфрли медиумските шпекулации дека неговиот клиент ќе го напушти Ал Хилал и ќе се врати во Сантос, каде ја започна професионалната кариера.


Бројни медиуми објавија дека Нејмар преговара со саудискиот клуб за раскин на договорот за да се врати во Сантос, но Захави изјави дека 32-годишниот бразилски фудбалер е среќен во Ал Хилал и дека нема преговори за раскинување на соработката. .

Сепак, бразилскиот новинар специјализиран за трансфери, Цезар Луис Мерло на мрежата „Х“ напиша дека Нејмар и Сантос се блиску до постигнување договор.

Нејмар кариерата ја започна во Сантос, за кој од 2009 до 2013 година одигра 225 натпревари, постигна 136 гола и имаше 64 асистенции. Тој го предводеше тимот до трофејот во Купот на Бразил во 2010 година, Купот Либертадорес во 2011 година и една година подоцна до Копа Судамерикана.

Најдобрата сезона ја имаше во 2011/2012 година, во која постигна 44 гола и имаше 17 асистенции на 49 натпревари.

Тој играше многу успешно за Барселона, од каде во 2017 година се пресели во Пари Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра. Тој ги напушти „светците“ во 2023 година и се пресели во Ал Хилал.

На 21 октомври Нејмар се врати на терените, по едногодишна пауза поради повреда на лигаментите и менискусот, но ја повреди тетивата и ќе отсуствува до шест недели.

Договорот на Нејмар со Ал Хилал истекува во јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK