Францускиот новинар Абдела Булма објави кој играч го има најпродаваниот дрес на ПСЖ. Изненадувачки на врвот не е најдобриот фудбалер и стрелец на „светците“, Килијан Мбапе.
„Јужнокорејецот Канг-ин Ли е играчот на ПСЖ со најмногу продадени дресови со неговото име. Мбапе е малку зад него“, објави Булма.
Вистинско лудило владееше во Јужна Кореја кога Ли во јули дојде во ПСЖ од Мајорка за 22 милиони евра.
Илјадници навивачи стоеја во долги редици за да купат дрес со неговото име. Околу 70 отсто од дресовите на ПСЖ продадени во Сеул го носат името на Ли.
„Доаѓањето на Ли ќе ни овозможи да се прошириме во Јужна Кореја и низ Азија. Тој е првиот голем азиски играч кој игра за ПСЖ. Тоа очигледно ќе ни помогне во тој регион“, рече Себастиен Вазелс, еден од директорите на ПСЖ во јули.
Ли, 22-годишниот крилен напаѓач, одигра само 132 минути за ПСЖ бидејќи брзо се повреди по пристигнувањето во Париз.