Рано во петокот наутро по средноевропско време, одекна „бомбата“ на НБА – Њујорк Никс и Минесота Тимбервулвс склучија трејд со центар на Карл-Ентони Таунс и Џулиус Рендл.
Рендл и Донте ДиВинченцо одат во Минесота, која лани играше во финалето на Западот, а Таунс ќе стане новиот центар на Никс. Минесота ќе добие и 13 заштитен избор на драфтот следното лето.
Третиот тим во трејдот е Шарлот Хорнетс, кој помогна да помине трејдот финансиски и за нивните напори ќе добијат пикови на драфтот, се уште не се знае точно кои.
Разговорите меѓу Никс и Волвс траат цело лето, а како што пренесува ESPN, Таунс воопшто не очекувал трејд. Тој порасна во Њу Џерси и ќе биде стартниот центар за Никс, особено што Мичел Робинсон е повреден.
Минатата сезона Таунс имаше просек од 21,8 поени и 8,3 скока, а сега повторно ќе работи со тренерот Том Тибодо, кој ги предводеше Волвс од 2016-2019 година.
Рендл, кој во декември наполни 30 години, имаше просек од 24,2 поени, 9 скока и 5 асистенции во 46 натпревари пред да го повреди рамото на крајот на јануари. Се очекува тој да биде подготвен за почетокот на тренинг кампот.
НБА сезоната започнува на 22 октомври.