НБА: Седумдесет и четиригодишниот Попович уште пет години на клупата на Сан Антонио

greg_popovic_34543554
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович во 74-тата година од животот го продолжи договорот со Сан Антонио и како што соопшти денеска НБА лигашот ќе го предводи тимот и во следните пет години.







Попович, кој три пати беше прогласуван за тренер на годината во НБА лигата, освои пет шампионски титули со Сан Антонио, откако го презеде клубот во 1996 година.

Ја предводеше и американската репрезентација со олимпиското злато на Игрите во Токио.

Сан Антонио не ги објави финансиските детали од договорот, а ЕСПН јави дека истиот е вреден повеќе од 73 милиони долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK