На полувремето од натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Орландо Меџик, НБА ја комплетираше листата на финалисти за индивидуални награди во тековната сезона,
НБА ги објави имињата на кандидатите за наградите за најкорисен играч, најдобар дебитант и најдобар тренер.
Она што најмногу ја интересираше публиката ширум светот беа имињата на кандидатите за најкорисен играч во лигата, а во потесниот избор се најдоа Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер, Никола Јокиќ од Денвер Нагетс и Виктор Вембањама од Сан Антонио Спарс, што гарантира една од највозбудливите трки за МВП во последните години.
The 2025-26 Finalists for Kia NBA Most Valuable Player.
Shai Gilgeous-Alexander
Nikola Jokić
Victor Wembanyama pic.twitter.com/Gy5UcInp6h— NBA (@NBA) April 19, 2026
Се чини нереално, но вистина е дека Лука Дончиќ имаше феноменална сезона, но во силната конкуренција не влезе меѓу тројцата главни кандидати.
Кога станува збор за наградата за најдобар дебитант, меѓу финалистите се Ви Џеј Еџкомб (Филаделфија), Купер Флег (Далас) и Кон Кнуепел (Шарлот), трио млади играчи кои во текот на сезоната оставија силен впечаток и наговестија светла иднина во НБА.
Во конкуренција за тренер на годината се Џеј Би Бикерстаф (Детроит), Мич Џонсон (Сан Антонио) и Џо Мазула (Бостон), кои ги водеа своите тимови до исклучителни резултати и се истакнаа со начинот на кој ги водеа тимовите во текот на целата сезона.
На овој начин, НБА лигата официјално го заокружи списокот на кандидати за сите клучни индивидуални награди, додека конечните победници ќе бидат објавени во наредниот период.
The 2025-26 Finalists for NBA Coach of the Year.
J.B. Bickerstaff
Mitch Johnson
Joe Mazzulla pic.twitter.com/mskGQQhp1l— NBA (@NBA) April 19, 2026