­

Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Боли со веб-страницата за препродажба на билети


Chelsea_women_fans.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ги истражи врските на косопственикот на клубот Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети која нуди седишта за илјадници долари поскапи од номиналната вредност.


Боли е наведен како член на Управниот одбор на „ Вивид Ситс“, кој лигата го означи како „неовластен веб-сајт за продавање билети“ и ги предупредува навивачите да бидат крајно претпазливи кога го користат.

Здружението на навиваќи на Челзи испрати отворено писмо до извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, во кое вели дека е „време да се дејствува и да се истражи“.

„Вивид Ситс“, продолжува да ги продава билетите од Премиер лигата над номиналната вредност по значително зголемени цени, а нашите членови продолжија да истакнуваат дека односот на г-дин Боли со „Вивид Ситс“ е нарушување на довербата и јасен конфликт на интереси“, се вели во писмото.

Американскиот милијардер го купи Челзи за 2,5 милијарди долари во 2022 година со конзорциумот „Клирлејк капитал“.

„Вивид Ситс“, продава билети за различни настани, вклучувајќи ги и натпреварите на Челзи во Премиер лигата и Конференциската лига, како и за претстојното Светско клупско првенство во САД.

Билет за претстојниот натпревар против Ипсвич се продава за 990 фунти (1.275 долари), а за натпреварот против Ливерпул на 3 мај за повеќе од 3.000 фунти (3.800 долари).

На веб-страницата на Челзи, најскапиот билет за возрасни за најбараната категорија е 80 фунти (103 долари).

Лигата ги предупреди навивачите да не купуваат од неовластени продавачи, а Челзи соопшти дека неовластената продажба е „растечки проблем“ и бара од навивачите да пријават загриженост за билетите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK