Олимпик Марсеј денеска го отпушти тренерот Џенаро Гатузо поради низа лоши резултати. Гатузо шест месеци се задржа во Марсеј. Челниците на клубот експресно најдоа замена за него. Со изборот ја шокираа спортската јавност.
На местото на Гатусо, речиси сигурно ќе дојде Жан-Луј Гасе, човек за кој се зборуваше во фудбалскиот свет изминатиов месец и тоа во негативна конотација.
Гасе беше тренер на Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нации и доби отказ по групната фаза поради катастрофална игра и очајните резултати.
„Слоновите“ се пласираа во осминафиналето како една од четирите најдобри третопласирани селекции од сите групи, а потоа испишаа историја, бидејќи со дебитантот, Емерс Фае ја освоија титулата.
Гасе беше сменет додека „Слоновите“ се уште чекаа да видат дали ќе одат понатаму, но искусниот француски стручњак очигледно нема долго да чека на нова работа.
Французите тврдат дека ќе го води Марсеј само до крајот на сезоната.
Фае ќе биде третиот тренер од оваа сезона во Марсеј. Сезоната ја започна Марселино кој си замина по само еден месец, а на неговото место дојде Гатузо.