Лигата на шампионите продолжува со натпреварите од третото коло, за вторник се закажани осум дуели во групите А, Б, Ц и Д. Два натпревари ќе започнат во 18 часот и 45 минути, додека останатите шест се играат од 21 часот.
Галатасарај го пречекува Баерн Минхен во групата А. Двата тима победија во првите две кола, што значи дека ова ќе биде борба за првото место во групата.
Германскиот шампион е фаворит, но на Босфор го чека вистински пекол. Познато е каква атмосфера создаваат навивачите на Галата, а мечот имаше жестока увертира. Навивачите се тепаа во Истабул, според извештаите петмина навивачи на Баерн завршиле во болница.
Во исто време се игра и натпреварот од групата Д. Европскиот вицепрвак Интер ќе му гостува на Салцбург. Нероаѕурите ја отворија новата сезона во елитата со реми со Сосиедад, а потоа со минимален резултат ја совладаа Бенфика.
Од 21 часот Бенфика игра против Сосиедад во Лисабон. Откако забележаа два пораза, „орлите“ мора да победат доколку сакаат да останат во трката за едно од првите две места.
За Манчестер јунајтед пресметката со Копенхаген практично е да се биде или не. По два порази, „Ѓаволите“ мора да победат. Секој друг исход против големиот аутсајдер од Данска би го ставил Ерик тен Хаг во исклучително тешка позиција.
Интересен натпревар може да биде оној во Брага. Домаќинот ќе го пречека Реал Мадрид. Брага со голем пресврт против Унион Берлин (3:2) докажа дека има квалитет за елитата, но дали тој квалитет ќе биде доволен за да се извлече позитивен резултат против Реал?
Тимот на Карло Анчелоти успешно ги реши првите два натпревари во Лигата на шампионите.
Во истата група, Унион Берлин го чека Наполи со намера да освои историски бодови во елитата. Идеална можност за тоа имаа Германците против Брага, на полувреме водеа со 2:0, на крајот Брага победи со 2:3 со гол во 96.минута. Унион е во лоша серија, во првенството и ЛШ имаат осум порази по ред. Наполитанците со победа и пораз доаѓаат во главниот град на Германија. Прашање е дали Елиф Елмас ќе биде во ростерот. Македонскиот репрезентативец не играше викендов во СеријА поради повреда. Според медиумите, тој ќе го пропушти и овој натпревар.
Во групата Б, Севилја на домашен терен игра со Арсенал, по воведните две нерешени средби со Ленс и ПСВ. „Топчиите“ беа непријатно изненадени во Ленс во претходното коло. Тие се големи фаворити во групата и тоа треба да го потврдат во Андалузија.
Ленс сака уште еден триумф пред своите фанови. Ако Французите успеаја да го победат Арсенал, тогаш сигурно можат и ПСВ, иако тимот од Холандија сезонава игра во одлична форма. Тие во воведните девет кола од Ередивизија славеа со импресивна гол-разлика 30:3.