Фудбалскиот клуб Динамо Загреб најде центарфор за пролетниот дел од сезоната, а тоа е Вилфрид Канга (26) од Брегот на Слоновата Коска.
Станува збор за напаѓач на Херта кој е на позајмица во Кардиф. Тој треба да потпише тригодишен договор со Динамо.
Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е околу 3,5 милиони евра, тој е класичен напаѓач, висок 189 сантиметри, а го опишуваат како силен и брз.
Целата зделка ќе го чини Динамо околу три милиони евра, откако Извршниот одбор на клубот даде зелено светло за реализиција на трансферот.
Очигледно Динамо сакаше да го донесе Канга на позајмица, но напаѓачот сакаше комплетен трансфер.
Работите не му одеа најдобро во Кардиф во есенскиот дел од сезоната. Одигра 15 натпревари, но само на почетокот беше во стартниот состав, а потоа доби мала минутажа.
Во текот на кариерата, покрај за Кардиф и Херта, играше и за Јанг Бојс, Стандард, Анже, Кајзериспор.