На Европското првенство во Германија, еден од најдобрите стопери на 21 век Португалецот Пепе, на возраст 41 година стана најстариот играч во историјата на Европското првенство.
Во четвртфиналниот пораз од Франција, тој го одигра последниот натпревар во националниот дрес и на тој начин најверојатно се збогуваше со репрезентативните обврски.
На оваа возраст секој натпревар може да биде последен, а Португалецот доживеа нов тежок удар по болната елиминација од ЕП 2024.
Имено, португалскиот гигант Порто одби да ја продолжи соработката со легендарниот стопер, а поранешниот ас на Реал Мадрид остана без договор.
По пет години минати во град на северот на Португалија, дојде време Пепе по втор пат да го напушти својот сакан клуб, но овој пат не по своја волја.
Пепе за прв пат го облече сино-белиот дрес на самиот почеток на кариерата од 2004 до 2007 година, кога во летниот преоден рок се пресели во Мадрид.
Со оглед на тоа дека легендарниот фудбалер веќе наполни 42. години, прашање е дали стоперот ќе успее да најде нов ангажман или ќе се збогува од фудбалот по долгата 22-годишна кариера и 33 освоени трофеи.