Унгарскиот тенисер Фабијан Марожан (91. на АТП листата) се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, откако го елиминира деветтиот светски рекет Каспер Руд.
Руд во овој дел од сезоната не успева да направи континуитет на добри резултати, беше елиминиран во раната фаза во Торонто, Синсинати, Ју-ес опен, додека минатата недела во Пекинг загуби од Карлос Алкараз.
Марожан победи во три сета 7:6, 3:6, 6:4, а мечот траеше два часа и 41 минута.
По големата борба во првиот сет, во кој имаше по еден брејк на двете страни, Марожан остана поконцентриран во тај-брејкот кој го доби со 7:3.
Руд лесно го доби вториот сет, два пати му го одзема сервисот на ривалот и се чинеше дека целосно ја презема иницијативата.
Сепак, решавачкиот сет му припадна на унгарскиот тенисер, а клучен беше деветтиот гем кога Марожан направи брејк и го потврди пласманот во четвртфиналето.
За Марожан ова е прво четвртфинале на турнирите од Мастерс серијата во кариерата. Против Руд ја забележа втората победа против тенисер од Топ 10, во мај годинава на Мастерсот во Рим го победи Карлос Алкараз во два сета.
Марожан за полуфинале ќе се бори против победникот од дуелот Хуркач – Жанг.
Foto/ EPA
1 – Claiming his second top-10 win in as many career matches, Fabian Marozsan has reached his first quarter-final at an ATP event, defeating Casper Ruud in Shanghai. Run.
#RolexShanghaiMasters | @SH_RolexMasters @atptour @ATPMediaInfo pic.twitter.com/Ab5tIySoTe
— OptaAce (@OptaAce) October 10, 2023