– Најдобриот играч изминатата сезона во Евролигата, 27-годишниот бугарски кошаркар Александар Везенков, ќе ја продолжи кариерата во НБА лигашот Сакраменто, јавија американските медиуми.
Според телевизијата ЕСПН, крилниот 206 сантиметри висок центар на грчки Олимпијакос ќе ја смени клупската средина и ќе потпише тригодишен договор со Сакраменто вреден 20 милиони долари.
Везенков во настапите во Евролигата имаше процент на шут за два поени од 63 отсто и 40 отсто за тројка.
Покрај МВП трофејот за изминатата сезона во Евролигата, бугарскиот кошаркар претходно два пати беше прогласуван за најдобар играч во грчкото првенство.