Надал повторно претера: Би помогнало ако се повредат Ѓоковиќ и Алкарас

Надал-повторно-претера-Би-помогнало-ако-се-повредат-Ѓоковиќ-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рафаел Надал работи напорно за да се врати на натпреварувањата следната година и можеби да додаде уште еден вреден трофеј во својата богата колекција.


Шпанскиот тенисер нема настап оваа сезона од Отвореното првенство на Австралија, поради тешка повреда на колкот. Мораше да оди и на операција, по што најави дека следната година може да биде последна во неговата кариера.

Неодамна се врати на тренинзите. Иако имаше најави дека ќе се врати на натпреварите во Мелбурн, Надал не сакаше да потврди, посочувајќи дека се уште чувствува болка.

– Рафа игра добро, го гледам последните неколку дена, добро вежба – изјави Тони Надал во изјава за „Мајорка булетин“.

– Сигурно се подобрува, но ни треба Алкарас, Ѓоковиќ и Медведев да се повредат. Тоа ќе му помогне на Рафа. Шегата на страна, игра добро, сака да игра и решен е следната година да биде добра.

Како и сите фанови на неговиот братучед, шпанскиот стручњак сака Рафа да ја освои својата 15-та титула на Ролан Гарос.

– Ова е неговиот сон, бидејќи следната сезона најверојатно ќе биде последна во неговата кариера. Значи, тој сака повторно да се натпреварува на највисоко ниво. Има 14 титули на Отвореното првенство на Франција, зошто да не оди и на 15-та? Ни треба тој 15-ти трофеј.

Да потсетиме, Рафа во кариерата освои 22 Грен слем турнири, два помалку од рекордерот Новак Ѓоковиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK