Надал: Поразот на Алкараз не е пораз, освои сребро против најдобриот во историјата

alcaraz_12823301190x786.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вујкото на Рафаел Надал и поранешен негов тренер, Тони Надал ја коментираше победата на Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз во финалето на Олимписките игри во Париз.


Тони Надал во изјавата призна дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, а за поразот на Алкараз рече дека „тоа не е пораз“.

„Поразот на Алкараз и не е пораз. Неговиот сребрен медал против најдобриот тенисер во историјата заслужува наше воодушевување. Нашиот тенисер беше поразен во тесен и интензивен меч кој му припадна на Србинот во два тај-брејка. Точно е дека Шпанецот беше главен фаворит да го додаде злато од Олимписките игри во својата ризница трофеи, но овојпат играше против Ѓоковиќ, кој не потсети на неговите најдобри верзии“, објасни Надал.

Тој имаше само пофални зборови за тактиката што ја покажаа двајцата на теренот, а потоа истакна дека едно нешто што можело да го промени текот на натпреварот и да го сврти резултатот во корист на Алкараз.

„Да успееше еден од шансите да претвори во брејк, мислам дека ќе победеше“, изјави Надал.

На крајот сепак призна дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата, а среброто на Карлитос е „восхитувачко“.

„Снимката од солзите на Карлос Алкараз на теренот е јасен знак на страдање и фрустрација, ни остави горчлив вкус во устата, но тоа не треба да не залажува да мислиме дека е пораз. Тој загуби натпревар кој лесно можеше да оди во негова полза. Се бореше за секоја топка, го држеше целиот стадион во неизвесност и сите можеа да уживаат во неговиот одличен тенис и неговата страст. Сребрениот медал освоен против најдобриот во историјата апсолутно заслужува восхит“, заклучи Тони Надал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK