Надал ќе игра за Шпанија во Дејвис купот

rafa-nadal-kq7C-U22013188020465xF-1200x840-RC.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рафаел Надал ќе биде дел од шпанската Дејвис куп репрезентација во финалето на Дејвис купот.


Надал последниот меч го одигра на Олимписките игри во Париз, кога во второто коло загуби од Новак Ѓоковиќ, поради што многумина шпекулираат за неговото пензионирање.

Шпанија на завршниот турнир во Дејвис купот ќе настапи во следниот состав: Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Роберто Баутиста Агут, Пабло Карењо Буста, Марсел Гранољерс.

Дејвис купот Топ 8 ќе се игра во Малага од 19 до 24. ноември, а покрај Шпанија учествуваат и Италија, САД, Германија, Канада, Австралија, Аргентина и Холандија.

Во четвртфиналето Шпанија ќе игра со Холандија, Германија со Канада, САД со Австралија, а Италија со Аргентина.

Да потсетиме, Надал во текот на кариерата со Шпанија освои четири трофеи во Дејвис купот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK