Надал: Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот во историјата

Надал-Ѓоковиќ-без-сомнение-е-најдобриот-во-историјата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот тренер Тони Надал по успехот на Ју-ес опен призна дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.


Поранешниот тренер и вујко на Рафа Надал смета дека таа титула Ѓоковиќ ја обезбедил со 24. Грен слем титула во кариерата и дека тешко ќе може некој да го собори оттаму.

Неговиот внук остана на 22 титули и на терените ќе го гледаме дури следната година, која воедно ќе биде и последна во неговата кариера.

„Новак Ѓоковиќ е голем шампион и ќе биде многу тешко да се дојде до него, не само за мојот внук, туку и за кој било“, изјави Надал.

Потоа се обиде малку да го ублажи она што го кажа, но поентата остана иста.

„Многу е тешко да се одреди кој е најдобар во историјата, но мора да се решите за Ѓоковиќ бидејќи титулите зборуваат во негова корист. Иако лично мислам дека Роџер Федерер повремено успевал да игра тенис на повисоко ниво од Новак, реалноста е дека во светот на спортот бројките не лажат и велат дека Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот досега“, заклучи Надал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK