На XXX-то годишно европско собрание Јордан Тасевски доби златен орден за заслуги и беше избран за член во Претседателството на ЕСЦ


jordan tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изминатиов викенд од 24 – 25 октомври 2025 се одржа ХХХ-то јубилејното годишно и изборно собрание на Европската Стрелачка Конфедерација каде што повторно беше реизбран актуелниот Претседател Александар Ратнер од мнозинството делегати на европските стрелачки федерации додека против кандидат беше Ана Каролина Нисинен од Финска.

На ова годишно собрание учествуваа околу 110 делегати од 47 земји, како и повеќе од 50 почесни гости, а беа избрани и потпретседатели на Конфедерацијата и тоа: Ѓорѓи Наги (Унгарија), Весела Лечева (Бугарија), Џон Хансен (Данска) и Нино Салукваџе (Грузија) како и членови на претседателството на Конфедерацијата и тоа Сусана Пагара де Кампос (Португал), Бисерка Врбек (Хрватска), Хугуес Сенгер (Франција), Емин Јафаров (Азербејџан), Меелис Лоит (Естонија), Бјорн Харалд Вик (Норвешка), Томаш Квицен (Полска), Александрос Димакос (Грција), Луција Лилијана Михалаче (Романија), Јордан Тасевски (Северна Македонија) и Егберт Ијзерман (Холандија).


 

   

Покрај изборот на Претседател на ЕСЦ ова собрание е посебно значајно за Македонското стрелаштво поради тоа што од страна на Претседателот на ЕСЦ на Претседателот на МССФ му се додели златен орден за заслуги во делот за унапредување, развој и промоција на стрелаштвото во Македонија и Европа преку професионалната организација на Европскиот Младински Олимписки Фестивал во Скопје 2025.

Ова е за прв пат некој од Македонското стрелаштво да добие едно вакво големо официјално меѓународно признани што е огромна чест и задоволство не само за Јордан Тасевски туку и за целиот тим од неколку луге кои неуморно секојдневно работат заедно со Претседателот и придонесуваат за развој и унапредување на Македонското стрелаштво.

 

Јордан Тасевски е прв Македонец од спортско стрелаштво што има толку висока позиција во меѓународните структури на спортското стрелаштво што претставува потврда дека Македонското стрелаштво оди по вистинскиот пат што е уште поголема мотивација да се работи и понатаму во правец за развој на спортското стрелаштво. Професионализамот и чесноста во Македонското стрелаштво никој неможе да ја одземе, а делата и резултатите ги вреднуваат најкомпетентните меѓународни организации од областа на стрелаштвото како и официјални лица со голема репутација во светското стрелаштво. Јордан Тасевски е со речиси 35 годишна кариера во спортското стрелаштво и во континуитет е посветен на спортското стрелаштво почнувајќи на 7 годишна возраст како стрелец па тренер, селектор и актуелен Претседател на МССФ и сеуште активен стрелец и тренер со две учества на Олимписки игри и остварени високи резултати.

Македонската Спортска Стрелачка Федерација и Претседателот Јордан Тасевски на ова годишно европско собрание упатија благодарност за доделеното признание од страна на Европската Стрелачка Конфедерација и огромна благодарност до повеќе од пола европски земји, а особено до нашите соседни земји кои го дадоа својот глас за Јордан Тасевски со што ја дадоа својата доверба и можност да биде член на Претседателството во Европската Стрелачка Конфедерација во наредниот 4 годишен мандат. Ова е големо задоволство и одговорност сега заедно со европскиот тим да работиме за развој и унапредување на европското спортско стрелаштво со што ќе ја оправдаме дадената доверба изјави Претседателот на МССФ Јордан Тасевски.

За време на дводневното Генерално собрание, на делегатите на европските федерации им беше презентирана и програма за управување поврзана со модел кој ги комбинира развојот на спортот, финансиската одржливост и транспарентното управување, како и поголема поддршка за организаторите на меѓународни настани, инвестиции во млади и елитни спортисти и техничка и образовна помош на националните федерации, а на крајот од собранието, учесниците високо ја оценија и безпрекорната организација на ова годишно собрание од страна на Ерменската Стрелачка Федерација која беше на високо ниво на настанот што е показател дека ќе бидат добри домаќини и за време на Европското првенство во стрелаштво во Ереван во 2026 година, кое ќе биде еден од најголемите и најважните спортски настани во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK