Според пишувањето на повеќе англиски медиуми, УЕФА подготвила промена за следното Европско првенство, која наскоро ќе биде објавена како официјална вест. Имено, за разлика од 26-те играчи кои селекторите ги повикаа на ЕП одржано пред две години, сега на списокот ќе може да има 23 играчи.
Да потсетиме, за Европско првенство во 2021 година, УЕФА дозволи им дозволи на селекторите да повикаат тројца фудбалери повеќе поради пандемијата на коронавирусот.
Истата практика ФИФА ја усвои и на последното Светско првенство.
Во Катар поради згуснатиот календар и првото Светско првенство кое беше на средина од клупската сезона, селекторите добија можност за прв пат да повикаат 26 играчи.