На аукција дресовите на Меси од Мундијалот во Катар

На-аукција-дресовите-на-Меси-од-Мундијалот-во-Катар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дресовите што ги носеше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на Светското првенство во Катар во 2022 година се проценети на 10.000.000 долари и ќе бидат понудени на аукција во декември, објави денеска Сотби.


На аукцијата ќе се најдат дресовите што ги носеше капитенот на светските шампиони на натпреварите против Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и во финалето против Франција.

Доколку проценката од 10.000.000 долари се оствари, аукцијата би можела да го загрози рекордот за најскап спортски предмет некогаш продаден, велат од Сотби.

Рекордот го држи дресот на Чикаго Булс на кошаркарската легенда Мајкл Џордан, кој го носеше за време на финалето на НБА против Јута во 1998 година. Овој дрес минатата година беше продаден за 10.100.000 долари.

Дел од приходите од продажбата ќе бидат донирани за проектот UNICAS, иницијатива на болницата во Барселона специјализирана за ретки детски болести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK