МЗТ ќе ја замени Цибона во АБА лигата?

normal_20221230172645_Cibona-MztSkopje-9513.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарскиот клуб Цибона веројатно нема да игра во АБА лигата наредната сезона. Поранешниот евроспки првак, како и останатите хрватски клубови има веќе неколку години се соочува со сериозни финансиски проблеми.


Доколку, не успее да ги среди финансиите, односно да најде спонзор, хрватските медиуми тврдат дека Цибона ќе остане без елитен статус.

На следната седница од АБА лигата ќе се разгледува учеството на Цибона во новата сезона и постои реална шанса клубот да не биде дел од елитното друштво во натпреварувачката 2024/2025.

Доколку ова навистина се случи, според медиумите во Хрватска на местото на Цибона ќе влезе македонскиот шампион, МЗТ Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK