Фудбалерите на Рома доживеаја пораз во Прага од Славија со 2:0 во натпреварот од четвртото коло од групата Г во Лигата на Европа. Тоа беше првиот пораз на римскиот тим оваа сезона, доволен за разочарување и жестоки коментари од португалскиот тренер Жозе Мурињо.
Рома беше во подредена улога и за 90 минути упати само пет удари вкупно, од кои два во голот на Славија. Домашната екипа беше многу поконкретна со 19 удари. На овој натпревар Мурињо ја одработи казната во европските натпревари, која ја доби поради навреите што ги упати кон судијата Ентони Тејлор во финалето на Лигата Европа минатата сезона.
„Не би зборувал многу за овој натпревар. Резултатот е фер, во позитивна смисла за Славија и во негативна смисла за нас. Ништо не ми се допадна од она што го одигравме”, изјави Мурињо и додаде.
„Веќе разговарав со момчињата во соблекувалната, тоа никогаш не го правам тоа. Тоа што им го кажав ќе остане меѓу нас. Би сакал да бидам фер кон играчите на Славија кои целосно ја заслужија оваа победа. Игравме ужасно и ништо беше како што требаше да биде“.
„Ќе ви кажам единственото нешто што ми се допадна. Едоардо Бове. Тој е 20-годишно момче, а само еден таков играч не е доволен за да избориме победа. Сите заслуживме да загубиме овој натпревар освен него”, заклучи Мурињо.