Мурињо го пропушта дербито со Интер

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дисциплинската комисија на италијанската Серија А денеска донесе одлука со која го казни Жозе Мурињо со еден натпревар суспензија поради црвениот картон против Монца и недоличното однесување кон клупата на гостинската екипа.


Мирињо ќе го пропушти дербито на „Сан Сиро“, против својот поранешен клуб. Интер ќе ја пречека Рома во недела, на 29 октомври.

Мурињо сигурно ќе биде на трибините на стадионот во Милано, но прашање е кој ќе ја предводи Рома на теренот, бидејќи против Монца црвен картон доби Нуно Сантос, првиот асистент и помошник на Мурињо.

И Сантос доби еден натпревар суспензија.

Интер во натпреварот влегува како лидер во поредокот со 22 освоени бода, додека Рома по лошиот старт врза три триумфи, стигна до седмата позиција и сега има 14 бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK