Мурињо: Еден тим ја заслужи победата, но другиот тим оди понатаму

kapak_232740.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фенербахче и по 16 години не успеа да се врати во Лигата на шампионите. Турскиот векилан, синоќа беше елиминиран во третоот квалификациско коло. Лил успеа да остане непоразен во Истанбул и со тоа влезе во плеј-офот за место во Лигата на шампионите.


По поразот од 2:1 во првиот натпревар, Фенербахче предноста на Лил ја анулираше во 91.минута со авто-голот на Диакате. На истекот на првото продоленжение, Лил остана со играч помалку, црвен картон доби Дијаби.

Сепак, тимот на Жозе Мурињо не ја искористи предноста, туку си дозволи да прими гол. ВАР собата сигналириаше игра со рака на еден играч на домашните во 115.минута. Судијата Санчез ја прифати одлуката, а Дејвид од пенал ја потпиша елиминацијата на Фенербахче.

„Еден тим ја заслужи победата, но другиот тим оди понатаму. Ја загубивме шансата да играме со најдобрите. Немаше да ја освоиме Лигата на шампионите, но можевме да победиме некои силни имиња. Сега веќе ја немаме таа шанса “, изјави Мурињо по натпреварот.

„Продолжуваме во Лига Европа, ја чекаме ждрепката. Таму можеме многу. Денеска ни недостигаа Фред и Ферди Кадиоглу, креативни фудбалери кои играат со висок интензитет. Тешко е без еден, а уште потешко кога не играат двајцата. Горд сум на тимот, играчите дадоа се што можеа“, додаде тој.

„Новинарите кои не разбираат фудбал се фокусираат премногу на статистика, бројки и податоци. Тоа само понекогаш покажува каков беше натпреварот. Создадовме доволно шанси да поминеме, двапати ја погодивме рамката на голот, а нивниот голман имаше три неверојатни одбрани. Тој беше играч на натпреварот. Доминик Ливаковиќ имаше само една одбрана на гостински терен, а денес не ја ни допре топката“, заклучи португалскиот стручњак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK