Може ли Македонија повторно да биде црна мачка за Италија?

Може-ли-Македонија-повторно-да-биде-црна-мачка-за-Италија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

FOTO/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Олимпико“, во претпоследното коло ќе гостува кај актуелниот европски првак Италија. На кулниот стадион, Италија мора да победи, доколку сака да ги задржи шансите за пласман на ЕП, додека Македонија ќе игра за својата чест.

Англија од Ц групата е сигурен патник на ЕУРО 2024, за второто место во конуренција се Украина и Италија. „Азурите“ имаат јасна математика, потребни им се четири бода за да ја остварат целта.

Македонија, од друга страна со порзот од Украина остана без шанси за второто место. Јасно е дека избраниците на Благоја Милевски ќе дадат се од себе за да одиграат добар натпревар. Најавите од нашиот табор се дека „во Рим не дошле на туристичко патување“.

Ја имаат и традицијата на своја страна. Во последнте две соочувања, Македонија е „црна мачка“ за Италија.

Македонија ја елиминираше Италија во Палермо, од плеј-офот за пласман на СП во Катар, а пред два месеци ги сопна „азурите“ во Скопје, кога одигра 1:1.

Пред мечот италијански „Скај спорт“ предвидува со кои состави ќе настапат Спалети и Милевски. Според вој извор Италија ќе игра со лажна деветка.

Италија (4-3-3): Донарума – Дармијан, Гати, Ачерби, Димарко – Барела, Жоржињо, Бонавентура – Берарди, Распадори, Киеза.
Македонија (3-5-2): Димитриевски – Манев, Серафимов, Муслиу – Атанасов, Ашковски, Елези, Барди, Алиоски – Елмас, Миовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK