Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни проблеми во последните неколку години.
По суспензијата поради допинг и низата повреди, тој се обиде да се врати потпишувајќи за Монако, но не успеа да најде континуитет ниту таму. Сега повторно се повреди, што беше повод за раскинување на договорот.
Погба некогаш беше меѓу најдобрите играчи од средниот ред во светот, а поголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус и Манчестер Јунајтед. По раскинувањето со Монако, неговата иднина повторно е неизвесна.
Foto/ Depositphotos