Францускиот прволигаш Монако го комплетираше трансферот на американскиот репрезентативен напаѓач Фалорин Балогун од Арсенал.
„Кнезовите“ за него платија отштета од 30 милиони евра, а Арсенал преку бонуси би можел да заработи уште 10.000.000 евра.
Балогун имаше одлична сезона во дресот на Реимс минатата година и го привлече вниманието кон себе. Тој беше желба и на италијанскиот калчолигаш Интер, кој сепак се откажа од преговорите поради преголемите барања на Арсенал.