Модриќ утре може да влезе во историјата на Ел класико

Модриќ-утре-може-да-влезе-во-историјата-на-Ел-класико.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид во сабота ќе и гостува на Барселона во најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал. Првиот ден од викендот од 16 часот и 15 минути ќе се игра 255. Ел Класико.


Шпанските медиуми шпекулираат со составите на двата тима, согласни се дека Лука Модриќ ќе започне како резерва. Доколку влезе во игра, Хрватот ќе ја испише историјата на едно од најголемите светски дербија.

„Доколку игра на натпреварот против Барселона, ќе стане најстариот фудбалер кој играл на Ел Класико“, се посочува во текстот на „Мундо Депориво“, за иконата на Реал и капитенот на хрватската репрезентација.

Рекордот моментално го држи поранешниот голман на Реал, Пако Бујо, „уште еден голем играч во историјата на Реал, кој играше во сезоната 1995/96 на 10 февруари на возраст од 38 години и 28 дена. Барселона го доби тоа дерби со головите на Луис Фиго и Мехо Кодро.

„Доколку игра, Лука Модриќ ќе има 38 години и 47 дена и со тоа ќе се потврди како „дедо на Ел Класико“.

Модриќ одигра само 308 првенствени минути во осум натпревари оваа сезона. Тој остана неискористен на натпреварите против Лас Палмас и Џирона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK